117
Откакио од ВМРО-ДПМНЕ побраа лидерската средба во понеделник да биде по 11 часот, се огласија од владејачката партија СДСМ.
„Жалиме што ќе мора да му ја пореметиме агендата на Христијан Мицкоски, кој очигледно, како што потврдува неговата ДПМНЕ работи само два часа во текот на денот, од 09-11 часот.
Средбата во понедленик, 4-ти декември 2023 година ќе биде во 12.00 часот“ соопштија од СДСМ.
Од опозициската партија претходно соопштија дека на лидерската средба очекуваат да се разговара конечно за прецизирање на датумот за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ.