СДСМ денеска реагира на настапот на ДУИ и ветувањата кои ги промовираше нивниот кандидат за Албанец премиер. Владејачката партија овие барања ги оцени како националистички.
-ДУИ денеска и официјално се откажа од концептот едно општество за сите. Жалиме што ДУИ се служи со ваква националистичка реторика и ги поткопува придобивките од Охридскиот Рамковен Договор. Времето за поделби е одамна завршено За Коалицијата Можеме и СДСМ одамна не е важно кој на кој етникум припаѓа, туку колку е способен и работи во функција на едно општество за сите и сигурна иднина на граѓаните. Како што тргнале ДУИ, до крајот на кампањата ќе си го сменат и името на партијата. Од Демократска унија за интеграција ќе станат Националистички радикали за дезинтеграција. СДСМ останува столбот на стабилноста, на обединувањето, на заедништвото, на напредокот, на иднината, велат од СДСМ.