СДСМ: Завршија тајните и расипнички задолжувања на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Тајното и скапото задолжување што ВМРО-ДПМНЕ им го правеше на граѓаните за луксузирање, лажни проекти и криминално богатење на поединци на сметка на осиромашените граѓани, нанесе огромни штети врз економијата и врз животниот стандард на граѓаните, реагираат од владејачката СДСМ.

– За разлика од таквиот расипнички однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги рационализира трошоците, ги намалува долговите, а парите ги насочува кон граѓаните. За еден месец, Владата успеа да направи ребаланс на Буџетот со што се кратат трошоците за луксуз, реклами и репрезентации, a повеќе пари се насочуваат кон граѓаните, преку зголемување на минималната плата, укинување на радиодифузната такса и силна поддршка на домашните претпријатија – се наведува во партиското соопштение.

 

 

Поврзани новости