СДСМ: Заврши времето на нарачани пресуди и притисоци врз судството од страна на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци врз судството, реформите носат професионално и независно правосудство, реагира СДСМ по изјавата на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска обвини дека СЈО е инструмент диригиран од страна СДС за да врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години го партизираше судството, а преку „Сваровски“ инсталациите од тефтерот на Гордана Јанкуловска, го злоупотребуваше правосудниот систем да врши прогон и да се пресметува со неистомислениците на Никола Груевски и неговите соработници. Денес кога раководството на ВМРО-ДПМНЕ се соочува со одговорноста за сето она што им го направи на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ во страв и очај продолжува преку секојдневни прес-конференции пред правосудните институции да врши притисок и да се заканува на судии и обвинители“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Оттаму порачуват дека заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисок врз судиите и нарачуваше судски предмети и пресуди.

Поврзани новости