СДСМ: Заврши времето на контрола, притисоци, уцени и нарачки од Груевски

by Fokus

Неспособноста и криминалното работење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, по чиишто криминални стапки тргнаа и дел од градоначалниците од редовите на оваа партија, пoчнаа да излегуваат на површина, и тоа Груевски повеќе не може да го контролира, реагираат од владејачката СДСМ.

Од таму тврдат дека завршило времето на контрола врз судството и дека сите градоначалници што згрешиле пред законот ќе мора да се соочат со правдата.

– За противзаконското и криминално работење на неколку градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ доказ се пресудите против градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, осуден затоа што работел на штета на општината и граѓаните, пресудата против градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов кој со црни пари купувал гласови, како и покренатото обвинение против градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески во случајот „Транспортер“ за криминал тежок 360.000 евра. Заврши времето на контрола, притисоци, уцени и нарачки од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во судството и другите државни институции – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости