За само неколку денови од работата на новата реформска Влада, граѓаните веќе ги чувствуваат промените кои носат квалитетен живот за сите. Учениците, наставниците и родителите се ослободени од стресот што им го предизвикуваше непотребното екстерно тестирање“ се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое новата влада се обвинува дека работи на штета на граѓаните.
Од СДСМ велат дека „заврши времето кога без консултација на граѓаните, на засегнатите страни и широката граѓанска јавност се носеа вакви штетни и неквалитетни проекти.“
„Спроведувањето на зацртаните реформи ќе се одвива посветено, транспарентно и исклучиво во интерес на граѓаните, наместо избрзано, насилно и за криминални интереси, како што 11 години тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ“, се додадва во соопштението на СДСМ.