366
Tајното и расипничко задолжување што ВМРО-ДПМНЕ го правело за криминално богатење и луксузирање на сметка на осиромашените граѓани резултира со јавен долг од над 50 отсто од БДП и речиси 180.000 граѓани кои живееа со само 40 денари дневно, реагираат од владејачката СДСМ.
„Таквото безобразно и нерационално трошење на парите на граѓаните заврши. Новата Влада предводена од СДСМ преку одговорно работење за само неполни два месеца врати 122 милиона евра за долгови, а вкупниот долг успеа да го намали за 55 милиони евра“ велат од партијата.
Како што соопштуваат од СДСМ, новата Влада става крај на расипничкото трошење и на нереалните проекции, а парите ги враќа назад кај граѓаните.