Залудни се обидите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку апсурдни иницијативи за интерпелации да ги кочат реформите, реагираат од СДСМ на барањето и најавите за нови интерпелации поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.
-Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да работат на спроведување на реформите што носат повисока минималната плата, поголема помош за претпријатјата, повеќе пари кај граѓаните, решавање на проблемот со стечајните работници… Македонија оди напред.
Поднесената интерпелација за министерката за труд и социјална политика, наводно поради Нацрт –Стратегијата за бегалци, што патем веќе еднаш била донесена во 2008 година од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, е врв на апсурдноста и лицемерието на опозициската партија, се наведува во соопштението.
Од владејачката партија велат дека особено што изнесените невистини од ВМРО-ДПМНЕ се официјално и фактички демантирани: Стратегијата нема обврзувачки карактер, Македонија е транзитна земја за бегалците, што значи нема да остануваат во земјава и нема да се даваат државјанства за бегалци.