Загадувањето на воздухот е последица на погрешните политики на Никола Груевски и затоа тие имаат една заедничка идеја: Збогум Никола! Мерните станици и денеска покажуваат загаденост на воздухот во Македонија, опасна по здравјето на луѓето, реагираат од опозициксиот СДСМ.
Од СДСМ тврдат дека според официјалните податоци од мерните станици, загадувањето на воздухот денеска во Тетово изнесува речиси 10 пати над дозволеното. Утрово, во Битола и Скопје опасните ПМ10 честички во воздухот се застапени речиси 4 пати над дозволеното.
– Извештајот „Зелен раст“ на Светска банка покажува дека Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Тоа е најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, од рак и болести на дишните патишта. За Никола Груевски овие поразителни податоци се обични неважни бројки. Груевски им одзема 10 години живот на граѓаните, а ништо не превзема за да се реши проблемот со загадувањето – се наведува во соопштението од партијата.