713
Откако утринава дел од медиумите почнаа да објавуваат неофицијални информации за тоа како би изгледал конечниот договор и поделбата на ресори меѓу СДСМ и ДУИ, од СДСМ за Фокус велат дека се што се објавува пред да го објават конечниот договор се само шпекулации.
Од партијата додаваат дека денеска треба да има конечен договор за формирање на Владата.
-Денеска треба да има конечен договор. Било што пред тоа, се се шпекулации, велат од СДСМ за Фокус.
Дел од медиумите објавуваат дека паднал договор Зоран Заев да биде премиер цел мандат, а ДУИ да ги добие ресорите надворешни работи, финансии и информатичко општество и администрација.
К.С.