СДСМ: За една година, преку Мој ДДВ вратени се 11 милиони евра кај 300.000 граѓани

by Фокус

Успешните и реални политики на СДСМ се потврдуваат во континуитет, соопштија утрово од владејачката партија.

„Концептот враќање на парите назад кај граѓаните се потврди дека е и повеќе од успешен. Во тек е исплатата на поврат на ДДВ за месеците април, мај и јуни преку во вкупен износ од над 334 милиони денари односно 5.440.000 евра. Истовремено, со цел поттикнување на потрошувачката на производи од домашно потекло, мерката Мој ДДВ воведе измена со која 20 отсто се врши поврат на ДДВ при купувањето на македонски производи , а 10 отсто на останатите. На овој начин ја поттикнуваме домашната потрошувачка и си помагаме заедно. За само една година од воведувањето на мерката Мој ДДВ, околу 670 милиони денари или околу 11 милиони евра се вратени назад кај граѓаните, а бројот на корисници е околу 300 илјади“, стои во партиското соопштение.

Од таму порачаа дека новата Влада во следниот четиригодишен мандат ќе продолжи со креирање на мерки преку кои парите се враќаат назад кај граѓаните.

Поврзани новости