59
Европскиот фронт предводен од СДСМ, заедно со граѓаните, за 100 дена, на 8 мај ќе го порази целиот хорор на Мицкоски и ДПМНЕ, се вели во соопштението на СДСМ.
Најавите на Мицкоски дека работата на техничката Влада ќе биде хорор, каде што ќе се кубеле за коси говори за него. Тоа е пристапот на којшто функционира ДПМНЕ и покажува дека ништо не е сменето во оваа партија. Хоророт на Мицкоски и ДПМНЕ ќе биде поразен на 8-ми мај, велат од владејачката партија.
Европскиот фронт предводен од СДСМ, за 100 дена ќе прогласи победа и повторно ќе ја формира европската Влада со која што Македонија ќе стане земја членка на ЕУ, се вели во соопштението на СДСМ.