462
Злоупотребата на трагични настани зборува во каков очај е ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните да останат смирени, институциите делуваат согласно законите, реагираат од владејачката партија на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Искрено жалиме за прерано загубениот млад живот и изразуваме сочувство до семејството, роднините и пријателите. Повикуваме на смиреност кај сите граѓани.Обидите за злоупотреба на вакви трагични настани ја покажува очајната состојба во ВМРО-ДПМНЕ. Паничните обиди на ВМРО-ДПМНЕ, со лажни вести и сеење неосновани обвинувања да подгрева тензии, говори за немањето свест и совест во самиот врв на оваа партија – се наведува во партиското соопштение.