СДСМ: Време е за глас за Европа

by Fokus

Во македонското Собрание утре започнува расправата за предлог измените на Уставот, се наведува во соопштението од СДСМ.

„Предложените уставни измени се јавно објавени и јасно се гледа дека тие дополнително го унапредуваат македонскиот устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет, се унапредуваат основните права на деловите од народи кои живеат во нашата земјата, но и се истакнува посебноста на македонскиот народ.

Против предлог измените, никој, па дури и ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски не се изјасни против.

Затоа, потребно е обединување околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание.

Секој кој и мисли добро на државата ќе ги поддржи уставните измени по чие усвојување веднаш ќе се отворат првите поглавја и ќе се забрза процесот на интеграција во ЕУ“, продолжва понатаму во соопштението.

 

Поврзани новости