СДСМ вратија на функција директор кој беше разрешен за трговија со дрога, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

СДСМ го вратиле на функција директорот на Центарот за социјални работи во Радовиш кој беше разрешен од функцијата поради трговија со дрога, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

-Катастрофа. Никако поинаку не може да се нарече одлуката која ја донесоа министрите на овие две партии со која се поништува Решението на техничкиот министер за труд и социјална работа Ѓоко Велковски, за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година. Ова решение беше донесено после скандалот од 17 февруари оваа година, кога директорот беше фатен од полицијата во трговија со дрога. Токму така кадарот на СДС и Тренчевска беше фатен со дрога, а сега дури и без срам и перде е поништено решението за негово разрешување и истиот е вратен на функција, обвини партијата.

Со соопштение излезе и техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

-Директорот Александар Филев беше разрешен на 04.04.2024 заради поднесена една кривична пријава и 3 прекршочни пријави по различни членови од страна на Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш. На 9 март МВР информираше дека во полициската станица во Радовиш на 8 март бил приведен А.Ф. (36) откако во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници. Пред само еден месец истото лице, Александар Филев бил приведен во полиција за недозволена трговија со дрога.Заради тешки повреди на угледот на институцијата министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски донесе решение за негово разрешување, се вели во соопштението.

Тој ја прашува дополнителната министерка од СДСМ, Јована Тренчевска со кој образ ќе излезе во јавноста и че објасни дека штитат и враќаат на функција лице кое ќе треба да се грижи за деца, загрозени категории граѓани, лица со хендикеп и слично, а истото е фатено во трговија со дрога.

Поврзани новости