-Вонредната состојба сама по себе не воведува нови ограничувања за граѓаните.Додека не се донесат нови мерки од Владата, сѐ останува исто во поглед на секојдневниот живот. Маркетите и аптеките и натаму ќе работат, компаниите исто така, а институциите непречено ќе ги извршуваат сервисите, пишува во соопштението

СДСМ објаснува дека во услови на вонредна состојба, Владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа се олеснува нејзината работа во време на кризи и може да носи одлуки многу побрзо и поефикасно за добро на граѓаните, односно да управува со ресурсите на државата.

-СДСМ ја поздравува иницијативата на Владата, како и одлуката на Претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба.Граѓаните и натаму да се придржуваат до мерките, задолженијата и препораките на институциите, со цел побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот, порачуваат од СДСМ.