СДСМ: Во тек се сериозни разговори за нов четиригодишен мандат

by Fokus

Почнавме со сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена влада, која ќе се движи брзо напред по европскиот пат и патот на економијата и на правдата, соопшти СДСМ.

-Разговараме исклучиво за формирање влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или каков било национализам. Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика „Северна Македонија – Едно општество за сите. На 15 јули граѓаните на фер слободни и демократски избори го дадоа правецот, дадоа силна поддршка грижата за сите во едно заедничко општество да продолжи уште повеќе и уште подобро.

Тоа го побараа граѓаните на изборите и тоа новата влада предводена од СДСМ и ќе го испорача. За две и пол години покажавме дека знаеме и умееме. Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Поврзани новости