461
Наместо да покажува лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто уште во 2013 година гласаше проитв предлогот на нашите пратеници за трајно решавање на проблемот со струшката депонија, реагираат од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше овој, како и многуте проблеми на граѓаните, а пред неколку години како парламентарно мнозниство, го одби предлогот на пратениците од СДСМ во буџетот да се издвојат 90 милиони денари за конзервирање на градската депонија во Струга. Проблемот со струшката депонија се решава интензивно со сета рапсоложлива механизација. Пожарот веќе е изгаснат, а ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување“, стои во соопштението на социјалдемократите.