425
Имотот што го споменуваат ВМРО-ДПМНЕ и Наум Стоилковски не е на Стефан Богоев, а хотел не се гради, реагираат од СДСМ.
Оттаму појаснуваат дека ДУП-от не е нов туку е донесен пред Пекевски воопшто да биде избран за градоначалник.
-По оставинската постапка тој имот припаѓа на неговата мајка, поради прерана смрт на неговиот татко, што говори до каде на нивото на нечовечност оди ВМРО ДПМНЕ. Криминал корупција и богатење на грбот на граѓаните е одлика на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ освен лаги и манипулации не може ништо да понуди, затоа и не може да излезе од сенката на Левица, велат од СДСМ.