Фактот што полицискиот службеник што изврши грозоморно убиство е вработен од тогашниот министер Митко Чавков е доказ дека лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници, реагираат денеска од СДСМ.
-Исто така, тој факт покажува како ВМРО-ДПМННЕ со години го третирала Министерството за внатрешни работи и под какви критериуми се вработувале припадници на полицијата. Прашањата за подготвеноста на полицаецот и начинот на којшто се вработил во МВР, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги адресира до Митко Чавков, човекот кој бил на чело на МВР кога се случило вработувањето. За разлика од вулгарното партизиирање на МВР и поставувањето на партиско-штабски критериуми, денес, по процесот на професионализација, Министерството за внатрешни работи работи одговорно и професионално, а секој кој постапува незаконски одговара пред законите. Како што е јавно познато, настанот во прилепско е расчистен во најкус можен рок, лицето веднаш било откриено и приведено неколку часа по убиството и со кривична пријава предадено до Основното јавно обвинителство. Согласно законот е превземено се што налага постапката во ваков случај при ваков тип на злосторство, се вели во соопштението на СДСМ.