Укажуваме дека на помалку од три месеци до изборите Груевски и фамилијата се обидуваат да го споведат еден од најскандалозните корупциски тендери во нивното владеење и порачуваме никој да не помисли да го помага, бидејки за скандалот ќе има одговорност, реагираат од опозицискиот СДСМ.
Според нив, власта на Груевски во предизборие сака да дава концесија на 30 години, на фирма којашто наводно во иднина треба да изгради дистрибутивна мрежа за природен гас!
– Која е фирмата на којашто фамилијата пред заминување сака да и даде 30 годишен бизнис со гас, се вели во партиското соопштение од СДСМ. Денешната одлука на власта на Груевски за нов проект за изградба на гасоводна дистрибутивна мрежа, дополнително упатува на отворање пат за огромна корупција, ако е земе предвид дека само пред неколку дена тие самите ја поништија својата претходна одлука за гасификација скопскиот, западниот и источниот регион – се наведува во партиското соопштение.
Од таму додаваат дека малку се потрошените милиони евра пари на граѓаните за физибилити студии и тендерски документации за лагите до црвените ленти дека Македонија наводно се гасифицира.
– Ги повикуваме јавните и државни службеници да не потпаднат под притисоците на власта за спроведување на очигледениоткриминал што сакаат да го направат Груевски и соработниците на заминување – тврдат од СДСМ.