Министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски , ќе мора да одговори за што ги задолжил граѓаните 484 милиони евра само во 2016 година, бараат денеска од СДСМ.
-Тоа значи дека секој месец од 2016, оваа власт во заминување ги задолжувала граѓаните и државата со нови 40 милиони евра! Со 40 милиони евра, за само еден месец ќе можеа да се изградат 133 градинки во Македонија! Ако власта во заминување на ВМРО-ДПМНЕ штедела за граѓаните, како што Груевски знаел да штедел на личните штедни книшки за шест месеци и износот од 240 милиони евра ќе се изградеа најмалку 3 нови клинички центри во Македонија! Со целото задолжување од 484 милиони евра ќе беа изградени Чебрен и Галиште, со што Македонија немаше да биде зависна од најскапиот увоз на струја оваа зима, а граѓаните немаше да плаќаат високи сметки за струја, стои во соопштението на СДСМ.
Од партијата сметаат дека поради сето ова итно е потребна нова Влада што ќе води реални политики според потребите на сите граѓани на Македонија, а порачуваат дека ќе има одговорност за сите злоупотреби на парите и на интересите на граѓаните.