СДСМ: Владините мерки за замрзнување на маржите не дадоа никаков ефект

by Fokus

Владините мерки за замрзнување на маржите во октомври не даде никаков ефект бидејќи цените на мало за овој месец се намалиле за само 0.1%, вели пратеничката од редовите на СДСМ, Јованка Тренчевска.

Таа вели дека мерката на Владата била задоцнета и недобро осмислена, неефикасна и погрешна оти освен трговците кои имале бенефит од мерката, граѓаните во ниту еден сегмент не почувстввале дека постои некаква мерка за намалување на цените или пак некаква есенска кошничка.

Синдикалната кошничка пак е намалена за само 57 денари. Состојбата на терен, во маркетите којашто граѓаните ја гледаат секој ден е најголем доказ за тоа. Белиот леб и натаму се продава по 33 денари. Тестенините намалени за 1 денар а цената на зејтинот од 78 се зголеми на 87 денари. Истото е и со млекото и млечните производи. Споредбено октомври во 2023 со октомври во 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5% додека платите се намалија за 1 000 денари“, рече Тренчовска.

 

 

Поврзани новости