Со лажните информации што денеска ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш се докажа дека опозициската партија е изгубена во реалноста, а единстевната нејзина стратегија е создавање на лажни вести, реагираат од владејачката СДСМ.
– ВМРО-ДПМНЕ ги помеша годините и фактите за корупцијата, па објави информации за пад на индексот на корупција коишто се однесуваат на 2016 и 2015 година, кога во Македонија владееше корумпираната власт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Токму владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 10 години претставува симбол за криминал, корупција и погрешни политики на штета на граѓаните – се наведува во партиското соопштение.
Од таму додаваат дека во тој период, додека граѓаните осиромашувале, се случиле најголемите корупциски скандали, од познатите провизии за патишта, преку скандалите со местењето тендери па се до плацевите на Водно.