572
Опозицискиот СДСМ го обвини министерот за финансии, Зоран Ставрески, дека неосновено се задолжува на домашниот пазар.
– За следната недела Ставрески побара 11,5 милиони евра на три посебни аукции, иако нема планирано раздолжување Сите аукции што ги спроведе Ставрески на домашниот пазар се нелегални и не смеат да паднат на грбот на граѓаните. Нетранспарентите трошења и ваквите неосновани задолжувања го доведоа буџетот пред колапс – стои во сооштението на СДСМ.
Во него се додава дека и Европскиот совет во својот последен извештај забележува дека забрзаното темпо на задолжување и нетранспарентноста на буџетските трошења се меѓу главните проблеми во економијата во земјава.