Владата предводена од СДСМ изнајде начин да стави крај на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои во Собранието кочат закони кои се од интерес на граѓаните. Речиси 40 илјади граѓани кои во моментот се без лична карта ќе можат да го остварат своето право да си ги подигнат своите пари, соопштуваат од владејачката партија откако вчера Владата одлучи со подзаконски акт да продолжи печатењето и издавањето на лични карти.
Во соработка со Македонската банкарска асоцијација Владата предводена од СДСМ најде решение со кое овозможува непречено користење на услугите. Граѓаните кои немаат важечки лични карти, ќе може да користат услуги на банки и штедилници со пасоши. Исто така, доволни ќе бидат и потврдите од МВР за поднесено барање за издавање на лична карта. Владата предводена од СДСМ работи и на изнаоѓање на начин да го обезбеди и уставно загарантираното право на граѓаните да не бидат исклучени од избирачкиот список поради истек на лични карти. На граѓаните не смеат да им бидат ускратени основните човекови права поради партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, се вели во соопштението од партијата.