СДСМ: Владата го покачи платите на војниците, ги реализира мерките од Планот за живот

by fokus

Владата предоводена од СДСМ одговорно, отчетно и домаќински продолжува да ги остварува зацртаните мерки од Планот за живот што обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани, велат денеска од владејачката СДСМ.

-Министерството за одбрана започна со исплата на повисоките плати, зголемени за 10 отсто, на целокупниот персонал вработен во служба на Армијата на Република Македонија. Со покачувањето на платите во Армијата, прво во последните неколку години, се потврдува заложбата на Владата да води грижа за животниот стандард на вработените во АРМ. Дополнително, покрај зголемувањето на платите, Министерството за оваа година планира и над 300 нови вработувања во АРМ, како и набавка на нови униформи за војниците. Јасно се покажува намерата на Владата предводена од СДСМ да инвестира во подобро опремена и подобро платена армија, се вели во соопштенитео на СДСМ.

Поврзани новости