СДСМ: Владата ги поправа штетите кои ВМРО-ДПМНЕ им ги нанесе на земјоделците

by fokus

Штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи кон земјоделците веќе се поправаат, земјоделците ќе бидат ценети и вреднувани, се вели во реакцијата на СДСМ, на денешната прес-конференција на Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

По изјавата на Костадиновски дека владеачката партија ги игнорира потребите на земјоделците, од СДСМ реагираат дека земјоделците се приоритет за Владата и дека веќе им биле исплатени субвенциите што доцнеле.

„Уште во првите денови Владата предводена од СДСМ покажа дека земјоделците се приоритет и им ги исплати субвенциите што доцнеа, со што почна да ги поправа штетите што ВМРО-ДПМНЕ им ги направи на земјоделците во изминатите 11 години. Субвенциите повеќе нема да се делат по партиска линија, нема да има богатење на лажни земјоделци, ниту пак ќе има закани и уцени кон вистинските земјоделци како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека новата Влада ќе работи на зголемување на животниот стандард на земјоделците како и на сите останати граѓани.

 

 

Поврзани новости