Христијан Мицкоски е симбол за непотизам и судир на интереси, обвинуваат од владејачката СДСМ.
Вистинската адреса за прашања за непотизам е Христијан Мицкоски. Таму ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговори како нивниот шеф станал асистент токму кај сопствениот татко и како добил бизнис со хидроцентрали од владата во која бил советник за енергетика. СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика. Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека ќе го испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана, а доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување, ќе бидат преземени соодветни законски мерки. Во меѓувреме, започна повлекувањето од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и се уште е непозната категорија. Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно владеење, се вели во соопштението на СДСМ.