Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и кооалицијата во изборната единица 5 денеска од Битола вети дека минималната плата ќе ја покачуваат секоја година до 16.000 денари, а тоа ќе важи за сите, и за оние од текстилната, и за оние од кожарската индустрија.
-Ќе обезбедиме финансиска помош од буџетот на Република Македонија да им помогнеме и на фирмите да обезбедат егзистенција за своите вработени. Целта на сево ова ни е просечната плата во нашата држава да изнесува 30.000 денари, а младите да добијат директна поддршка од државата, преку 10.000 евра неповратни сретства за да почнат бизнис и 2 години можност, тој бизнис да го водат во старт-ап центрите низ Република Македонија, каде што ќе имаат бесплатно сместување, нема да плаќаат за комуналии, нема да плаќаат за сметководство и сите пари ќе останат кај нив и нивните шанси за создавање бизнис ќе се зголемат, изјави Шекеринска.
Вчера Илија Димовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја покачи минималната плата до 14.000 денари.