СДСМ верува дека ќе се усогласи со ВМРО-ДПМНЕ за СЈО, а размислува и за ветинг во судството

by fokus

Власта смета дека големи се шансите да се усогласи со опозицијата за новиот закон за јавно обвинителство до 10 септември, брифираат високи извори во СДСМ.

Велат дека се задоволни од процесот околу усогласувањето на законот со опозицијата и нагласуваат дека за нив најдобро посакувано решение е законот да се изгласа со консензус на собраниската седница закажана за 10 септември. Доколку не се постигне договор, како што брифираат, тогаш Советот на јавни обвинители ќе треба да назначи в.д. специјален обвинител на СЈО. Според нив, предметите на СЈО треба да продолжат од точката до која се стигнати, додека за предистрагите и истрагите што се водат во СЈО треба да одлучи јавен обвинител дали тие ќе продолжат.

Од СДСМ очекуваат  и дека Македонија ќе добие датум за преговори во октомври и членство во НАТО во декември.

Што се однесува до ветинг во правосудството, од владејачката партија велат дека размислуваат за тоа по добивањето датум за преговори. Се разгледува опцијата ветингот да го прават меѓународни експерти.

Поврзани новости