581
Вечерва во 20 часот закажана е седница на Централниот одбор на партијата во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, информираат од СДСМ.
Од партијата најавуваат изјави по завршувањето на работната партиска седница.
-Договорот на коалицијата ‘Можеме’, предводена од СДСМ, како и ДУИ, ќе биде изгласан од Централниот одбор и секако ќе се донесат одлуки и за кадровските решенија. Деталите ќе ги добиете после одржувањето на Централниот одбор, изјави денеска портпаролката Богданка Кузеска.