СДСМ: Вечерва ќе го откриеме најдрскиот изборен грабеж!

by Фокус

Најзначајните, најдрските и најбезобразните примери на грабеж на изборните процеси од страна на Никола Груевски и неговите соработници, вечерва ќе бидат обелоденети на трибината „Вистината за Македонија: Изборен грабеж“ што ќе се одржи во Универзалната сала во Скопје, од 19 часот, најавуваат од СДСМ.

На последната прес конференција во петокот на која беше презентирана седмата „бомба“, Зоран Заев најави дека вечерва ќе каже каква разврска очекува, а ќе зборува и за следните чекори што ќе ги преземе СДСМ. Се шпекулира дека се очекува Заев да предложи формирање преодна влада.

Поради големиот интерес за вечерашната трибина, за сите оние кои нема да најдат место во Универзална, надвор ќе има два видео бима на кои ќе се врши директен пренос. Пренос во живо ќе има и на сајтот на СДСМ, sdsm.org.mk

Поврзани новости