СДСМ: Василевска држи прес конференции во приемно време за студентите

by fokus

Додека студентите ја чекаат за консултации, вонредната професорка одржува партиски прес конференции на кои шири лажни вести и невистини во дневнополитички цели, соопштија од СДСМ обвинувајќи ја професорката на правниот факултет, Ивана Василевска, дека држи прес конференции во приемно време за студентите.

Василевска денеска одржа прес конференција пред Јавното обвинителство, каде поднесе кривична пријава против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Според фотографијата што  ја објави СДСМ, студентите можат да се консултираат со Василевска од 11 до 14 часот во понеделник, период во кој денеска ја одржа прес конференцијата.

„Наместо да биде со студентите, вонредната професорка на Правниот факултет, Иванка Василевска, во приемно време за студенти, се појавува на партиски прес конференции. Како што е јавно објавено на влезот на нејзиниот кабинет, приемните термини за студентите се во понеделник и среда од 11 до 14 часот. Токму во овој термин денеска, Василевска одржа прес конференција како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Поврзани новости