492
СДСМ денеска предупреди дека власта во заминување за утре планира нови милионски долгови, со тоа што планира да ги задолжи граѓаните 15 милиони евра повеќе од обврските што се стигнати за враќање оваа недела.
Според најавената аукција, Министерството за финансии побарува 31.7 милиони евра, а за враќање се доспеани 15.8 милиони евра.
-Бараме од Кирил Миноски веднаш да објасни за кого и за што побарува 15 милиони евра повеќе, што треба да ги враќаат граѓаните. Да не се осмели Миноски да лаже дека парите се за тековни расходи, велат од СДСМ.