Утре СДСМ ќе одржи директни внатрепартиски избори за претседател, а единствен кандидат е актуелниот лидер Венко Филипче.
„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија којашто Претседателот го избира на непосредни, внатрепартиски избори.
Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот.
Централната изборна комисија го потврди и го затвори Избирачкиот список, на кој активно регистрирани се 22.717 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и се што е потребно за изборниот ден.
Сите активно регистрирани членови на СДСМ ќе можат да го остварат своето право на непосредно и тајно гласање за избор на Претседател во својата општина на соодветно гласачко место“, соопштија од СДСМ.