Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија со насилничка и режимска матрица која 11 години ги тероризираше граѓаните и државата, а се грижеше само за тендери и провизии, велат од владејачката СДСМ.
Според СДСМ, кавгите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од една и Данела Арсовска од друга страна, открија шокантни, скандалозни признанија за навреди и закани за влечење по улици и бришење подови.
„Ако Мицкоски сега од опозиција се заканува на актуелен градоначалник, може само да се замисли како ќе постапува ако по некоја случајност добие шанса да предводи централната власт. Граѓаните со Мицкоски ги очекуваат закани, насилство, навреди, уцени, ништо добро. Се виде во изминатите 12 месеци како ВМРО-ДПМНЕ управува со Град Скопје“, се истакнува во соопштението од СДСМ.