СДСМ најавува тужба против порталот „Курир“ за текстот со наслов „Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција?“. Во соопштението на опозициската партија стои дека Зоран Заев го изнајмил објектот во Грција и дека тој не е во негова сопственост.
„СДСМ соопшти каде летуваше претседателот Зоран Заев, кој како и секој македонски граѓанин, својот одмор го помина со закуп на простор, на своја сметка. Прашање е што се крие Никола Груевски и што „ишка“ од неговата капа „Курир“? Бидејќи е очигледно дека за порталот не постои вистина туку партиска задача што треба да се исполни, уште еднаш најавуваме дека доколку не се повлечат спорните текстови ќе следува судска постапка.“, прашуваат од СДСМ.
Во врска за престојот на Груевски и неговото семејство во Турција, од СДСМ прашуваат колку пари чини летувањето на премиерот, со чии пари е платен и за колку лица.
“Ако е тој на сметка на турскиот претседател, тогаш, дали Груевски смета дека има право да ги задолжува граѓаните на Македонија со примање скапи подароци за себe? Власта со денови молчи и јавноста нема никаков одговор на прашањата колку чини летувањето на Груевски и со чии пари е платен овој одмор? Откако се појавија одредени информации се отвори и прашањето дали после објавените фотографии во Турција Никола Груевски го продолжил својот одмор во Монте Карло? Таинственоста за летувањето и на останатите функционери и министри од ВМРО-ДПМНЕ, повлекува нови сомневања колку чини и кој го плаќа летувањето и на министрите на Груевски?“, велат опозицијата.