Македонија е правна држава со еднаков пристап до правда за сите, судството работи
независно во спроведувањето на законите, тврдат денеска од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека премиерот Зоран Заев уште еднаш бил амнестиран.
-Со реформите и ослободувањето на институциите, Македонија станува правна држава со неселективно владеење на правото и независни судски институции.
Низ отворена, законска и транспарентна постапка се докажа дека Поткуп беше случај монтиран од режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, да се спречи објавувањето на Вистината за Македонија.
Времето на притисоци врз судството, монтирани случаи и нарачани пресуди беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.
Започнатиот процес на реформи во институциите обезбедува еднаков пристап до правда за сите граѓани преку независно, професионално и слободно судство кое работи единствено во спроведување на законите, велат од СДСМ.