СДСМ тврди дека Дурловски бега од дебата со Шекеринска

by Фокус

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ петтата изборна единица Игор Дурловски денес по третпат избега од телевизиско соочување со носителката на кандидатската листа на СДСМ Радмила Шекеринска, соопштија од СДСМ.

„Со тоа, Дурловски покажа дека се плаши од дебата со Шекеринска. Можеби на Дурловски му е полесно да ги искажува своите ставови во толпа и да хушка кон насилно влегување во Собранието и физички напад врз Шекеринска отколку да застанат лице в лице и да ги спротивстават своите ставови“, се наведува во партиското соопштение.

Денес, носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Александар Николоски, на прес-конференција кажа дека лидерот на СДСМ Зоран Заев избегнува дуел на двајцата носители во „четворката“.

Поврзани новости