„Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи не даде никаков резултат, цените не се намалија. Само еден вид на леб е со намалена за само 1 денар, кај одредени врсти на месо има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, а млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени“ велат од СДСМ.
Од партијата посочуваат „Дури дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени така да ништо не почувствуваа граѓаните од најавеното намалување. Задоцнетата реакција на Владата, погрешната мерка и калкуланството со цел да им удоволи на трговците допринесе за тоа денеска граѓаните да немаат никаков бенефит“.
„Живејачката од ден на ден им е поскапа, наместо да ги замрзне цените, власта на Мицкоски ги замрзна платите. Овој месец а трошоците за храна и пијалак се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец а просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари. Со ВМРО-ДПМНЕ стандардот на граѓаните опаѓа, а животот на граѓаните станува потежок“ велат опозиционерите.