СДСМ: Цели 11 години ДПМНЕ постојано зборуваше за референдум, а сега нема јасен став

by Fokus

Граѓаните се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот и не кажуваат за што се, реагираат од владејачката СДСМ.

„Христијан Мицкоски да не се крие зад лажните вести што ги пласира неговата ВМРО-ДПМНЕ, туку да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е. Или е за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад кон темно минато. Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ постојано зборуваше за референдум, а сега нема јасен став. Несериозно и неодговорно кон граѓаните и државата е да се нема јасен став за референдумот, за најважните прашање за иднината на државата – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости