Од СДСМ велат дека Панче Тошковски е големо разочарување на позицијата министер за внатрешни работи.
„Откако е дојден на оваа функција веќе повеќе од шест месеци, државата е претворена во `хотел промаја`, а криминaлците бегаат како ќе им текне.
Вчерашното бегство на Блерим Рамадани, човек баран со меѓународна потерница е уште еден во низата настани кои потврдуваат дека МВР под Тошковски нема контрола над државата.
Прашуваме како е можно да се дозволи бегство на затвореник баран со меѓунарoдна потерница?
Дали дозволи да избега или е крајно неспособен да зачува криминалец кој е меѓународно баран?
Тошковски исто не одговори, како е можно само пред неколку дена други десет затвореници да избегаат од Шутка?
Во текот на вчерашниот ден се сподели и видео на социјалните мрежи каде во сред бел ден се врши грабеж во центарот на Скопје, а МВР нема информација дали го лоцирала сторителот.
Се случија шест убиства и обиди за убиства за кои нема разрешница освен за едно. Државата за шест месеци со Тошковски на чело на МВР се претвори во `Див Запад` и нема никаква одговорност.
Тошковски треба да е доблесен и да си замине од функцијата“ – велат од СДСМ.