СДСМ: Тошковски да излезе и да ја каже вистината за бегството на Груби или тоа ќе го направи СДСМ

by Fokus

СДСМ денеска го повикаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да излезе и да ја каже вистината за бегството на Артан Груби, кој се бара со меѓународна потерница за проневера на 8 милиони евра во Државна лотарија. Во спротивно, како што посочуваат, тоа ќе го направи СДСМ.

– Тошковски два дена молчи и се крие од јавноста за скандалозните пропусти кои личат на организирано пуштање на Груби. Ова е скандал од огромни размери а информациите кои стигаат до СДСМ секој ден се се позагрижувачки, велат од СДСМ.

Oд таму нагласуваат дека доколку Тошковски не излезе во рок од 24 часа да ја каже вистината за случајот, тогаш СДСМ ќе го открие скандалот во целост.

– Време е Тошковски да престане да се крие и да одговара за целиот настан. СДСМ отворено се сомнева дека бегството на Груби не е никаков пропуст, туку станува збор за добро организирана работа од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со Тошковски на чело да се пушти Груби да избега, стои во соопштението до медиумите на СДСМ.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска на прес-конференција обвини дека човекот кој го има пропуштено поранешниот вицепремиер Груби „е личен избор на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за таа позиција“.

Според неа, полицијата не си ја завршила работата, бидејќи потфрлила контролата на Блаце поставена кај кружниот тек три дена пред бегството.

Поврзани новости