Целосното заложништво на Мицкоски кон Апасиев создава феномен на политичката сцена и секогаш кога Мицкоски нешто ќе најави се случува сосема спротивното, реагираат од СДСМ и додаваат дека темата за предвремени избори е затворена.
-На Божиќ оваа година Мицкоски рече дека на крајот на февруари ќе обезбеди 61 пратеник за распуштање на Собранието. Се случи спротивното. Нема 61 пратаник Мицкоски туку има зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство. Мицкоски рече дека во мај ќе се случеле предвремени избори. Секако дека се случи спротивното. Нема предвремени избори, Мицкоски капитулираше уште еднаш и оваа тема е веќе затворена. После капитулацијата со предвремените избори, Мицкоски го чека пораз и на изборите во 2024 година, велат од СДСМ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска понуди предвремени парламентарни избори во мај, а посочи и дека претходно не мора да има техничка влада 100 дена.
Оваа понуда е контрапредлог на првиот вицепремиер Артан Груби, кој ѝ предложи на опозициската партија да ги изгласаат уставните измени и веднаш да одат на избори.