СДСМ: Тате Љупче советник, бате Игор началник, синот Стефан министер – државата е заложник на непотизмот на Мицкоски

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја претворија државата во приватна компанија за семејни и партиски вработувања. Институциите се полнат со кадри чии главни квалификации се фамилијарните и партиските врски, додека младите и способните луѓе ја напуштаат земјата. Ова е денешната реакција на опозицискиот Социјалдемократки сојуз (СДСМ), во која се посочува дека партиските функционери ги ги вдомуваат семејствата, а младите се оставени на манимални можности за вработување.

„Семејството Андоновски е само врвот на ледениот бреег. Тате Љупчо советник, бате Игор началник, синот Стефан министер. Сите се во владините институции кои служат на интеересите на ДПМНЕ. Ова е дрзок непотистички систем кој покажува дека спосообноста и квалификациите се неважни во Македонија под нивна власт“, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека власта не нуди еднакви шанси за младите, туку дека создава систеем што им ја убива надежта.

„Младите заслужуваат правда, еднаквост и можности, а не партиска диктатура. Доста е од овој трул систем што ги гуши талентите и го потткнува иселувањето“, велат од опозицијата.

Поврзани новости