Судиите или обвинителите што нема да постапуваат по предмети намерно со цел тој предмет да застари ќе бидат разрешени по автоматизам, велат од владејачката партија СДСМ. Тие најавуваат дека ќе има прочистување во правосудството со цел неселективна примена на законот.
-Ќе се врши детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, како и ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Поради неопходноста на ред и дисциплина во сите институции, отчетност и транспарентност на службите, се воведува законска обврска за јавна објава на трошоците на сите функционери во централната, локалната, но и во судската власт, се вели во соопштението на СДСМ.
Според нив, Законот за Јавно обвинителство гарантира дека политиката не може да интервенира во судските одлуки и дека сите предмети од висок криминал и корупција ќе имаат завршница.