Цели 11 години, погубните и игноратнски политики на ВМРО-ДПМНЕ кое беше фокусирано само на нивно лично богатење, придонесоа директно на уништување на зеленилото со што проблемот со аерозагадувањето зазема се поголем размер, велат од СДСМ, одговараји на критиките од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со загадувањето.
-Дополнително, во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога и Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100%. Поради скапата струја, семејствата беа принудени да преминуваат на поевтини и помалку еколошки начини на греење.
Тоа беше директна причина за зголемување на загадувањето на воздухот.
Мицкоски ја поскапе струјата, граѓаните се префрлија на загревање со огев, со што тој носи голема одговорност за зголеменото загадување, се вели во соопштението на СДСМ.
Оттаму додаваат дека за разлика од црните 11 години на ВМРО-ДПМНЕ, денес се преземале заеднички напори со сите надлежни институции, како на локално, така и на национално ниво преку сет на мерки на краток, среден и долг рок за решавање на проблемот со аерозагадувањето.
-Интезивно се спроведува проектот за гасификација кој што покрај помали сметки за граѓаните ќе допринесе и за значително помала загаденост. Во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип, се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп па се до Битола, долг 92 километри. Интензивно се работи на гасификација на Скопје, делницата од Тетово до Гостивар но и во другите градови.
Паралално се спроведуваат низа мерки согласно планот за чист воздух, интезивно зазеленување, контрола на депониите и загадувачите, набавка на еколошки автобуси, субвенции за еколошко греење на граѓаните, замена на нееколошките енергенси, еколошки мерки во сообраќајот…
Мицкоски ја поскапи струјата за 100 отсто, ги принуди граѓаните на поевтино и нееколошко греење, СДСМ системски го решава проблемот со загадениот воздух, велат од СДСМ.