СДСМ бара од Регулаторната комисија за енергетика да ја поефтини струјата за 30 отсто, бидејќи како што велат, тоа е реална можност поради намалувањето на цената на регионалните берзи.
„Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика мора да заборави дека е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и да се посети дека Комисијата има обврска да ги штити интересите на граѓаните, а не на фамилијата на власт, која се богати преку ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО. Регулаторната комисија за енергетика е должна да пресече дека апсурдни 14 милионски рајски градини, мајмуни и желки, милионски ски центри, барокни фасади, скапо братучедско СГС обезбедување не смее и нема да ја формираат цената на струјата“, се вели во соопштението СДСМ.
Од партијата додаваат дека од 2006-та година до сега струјата поскапела за речиси 100 отсто и порачаа дека Регулаторната комисија ќе понесе одговорност ако продолжи да и слугува на власта.