Насилничкото и недемократско однесување кон народните избраници манифестирано на 24 декември од страна на власта на Никола Груевски, вечерва го продолжи и неговиот коалиционен партнер Стевчо Јакимовски, врз советниците од СДСМ, обвини вечерва најголемата опозициска партија преку соопштение со кое пратија и фотографии од денешните случувања во општинскиот совет.
„Советниците на СДСМ кои остро се спротиставија на новото милионско задолжување на граѓаните на општина Карпош, беа насилно влечени, туркани, навредувани и спречувани да зборуваат од говорница.Граѓани на општина Карпош, Денес градоначалникот Стевчо Јакимовски, Ве задолжи Вас и вашите деца со нови 2.5 милиони евра. Она што се случуваше на седницата на Советот на општина Карпош, обидот да се скрие од јавноста вистината, дека општината се наоѓа пред финансиски колапс, доведе до тежок скандал кој не доликува на ваква урбана, градска и културна средина“, се вели во соопштението од СДСМ.